ЕкономијаМакедонија

Лица кои не ги ажурирале податоците ќе имаат наменски сметки за шестте илјади денари

На вчерашната седница Владата донесе Одлуката за дополнување на Одлуката за отворање на посебна наменска сметка за лицата кои не ги ажурирале податоците до законски предвидениот рок и кои заради тоа не се најдоа на листата за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

На седницата Министрите во Владата донесоа одлука за давање согласност за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за проектирање, изградба, финансирање, стопанисување и пренос на две фотонапонски електроцентрали на местото на некогашната ТЕЦ Осломеј.