ЛУКАРЕВСКА ДА КАЖЕ КАКО ПАРИ ОД ПОВРАТ НА ДДВ ЗАВРШИЛЕ ВО ПРИВАТНИ ЏЕБОВИ Од ВМРО-ДПМНЕ кажаа како таа придонела за хаосот во земјата
Според ВМРО-ДПМНЕ е очигледно дека во СДСМ уште не се разбудени од филмот во кој беа пред изборите. Таа партија , велат, заедно со нивните наредбодавци од ДУИ ја донесоа државата до состојба на банкрот, оставајќи повеќе јавни претпријатија повеќе од 3 месеци без плата, плаќајќи во ветар 240 милиони евра за автопат кој не е ни почнат, заглавувајќи во долгови профитабилни јавни претпријатија кои сега се задолжуваат пред банки и земаат кредити да сервисираат основни обврски.
Наместо празни прес конференции Сања Лукаревска нека одговори за аферата за лажен поврат на ДДВ преку кој се одлевале милиони од државната каса во приватни џебови, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на пратеничката од опозициската СДСМ поврзана со ребалансот на буџетот.
„Очигледно во СДСМ уште не се разбудени од филмот во кој беа пред изборите. Таа партија заедно со нивните наредбодавци од ДУИ ја донесоа државата до состојба на банкрот, оставајќи повеќе јавни претпријатија повеќе од 3 месеци без плата, плаќајќи во ветар 240 милиони евра за автопат кој не е ни почнат, заглавувајќи во долгови профитабилни јавни претпријатија кои сега се задолжуваат пред банки и земаат кредити да сервисираат основни обврски. Да ја потсетиме јавноста за госпоѓица Лукаревска што таа направи да го придонесе овој хаос во државава, и што направи како составен дел од бандата на Заеви и нивниот хирург (Венко) Филипче додека државата се пљачкаше бескрупулозно и се цицаа парите од граѓаните. Таа е дел од нивниот ментален склоп и од цела нивна историја и составен дел од сето зло што го направија на државата и народот“ се наведува во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ ја повика Лукаревска да им одговори на граѓаните која е нејзината улога во аферата за лажен поврат на ДДВ преку кој се одлевале милиони од државната каса во приватни џебови.
„Можеби јавноста треба да се запознае дека целата оваа афера е во надлежност на поранешната директорка на УЈП, Сања Лукаревска. Тоа е таа Лукаревска и наместо да се сокрие или да покаже разлика од нејзините ментори Заеви таа се сили за теми кои ем не ги разбира, ем придонела лично со несовесно работење да кулминираат како проблем во државата“ се вели во реакцијата.