- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Лукаревска: Ќе има толеранција за работодавачите кои не исплатиле плати бидејќи не се досени законите

Лукаревска - Работник
1.7Kviews

Управата за јавни приходи е подготвена за петтиот сет мерки, особено за процедурата за аплицирање за финансиска поддршка за исплата на плати. Секако ќе известиме како ќе оди тој процес, затоа што веќе знаеме дека предлог законското решние се однесуваше февруари и месец март којшто заврши. Ќе се направат соодветни известувања и за сите чекори како да се врши аплицирањето од страна на компаниите и за самостојните извршители на дејност, рече директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес – конференција. 

Ќе биде потребно да се направат одредени корекции на самите МПИН пресметки со соодветна шифра, рече таа.

Во однос на неисплатената државна помош, Лукаревска рече дека во месец февруари од 63,948 прифатени МПИН пресметки, 6,888, односно 10,7 % од работодавачи немаат исплатено плата. 

Во делот на оние компании коишто немаат исплатено плата од претходно земената помош, со последната состојба од 1 април 2021 година, станува збор за 133 работодавачи на коишто им била одобрена финансиска поддршка кои немаат исплатено плата за некој од овие месеци, истакна Лукаревска. Вкупно станува збор за 161 МПИН пресметка, односно 110 работодавачи не исплатиле плата за еден месец, 18 за 2 месеци и 3 работодавачи немаат исплатени плата за три месеци. 

„Врз основа на тоа сите мерки коишто ги имаме со Законот за даночнана постапка и спроведување на присилна наплата, конкретно за овие работодавачи кои ја злоупотребија државната помош, ги имаме преземено заедно со Државниот инеспекорат за труд, секој преку своите надлежности. Започнати се и контроли кај оние работодавачи коишто ја злоупотребија финансиската помош за месец декември“, рече Лукаревска.

Посочи дека за оние компании коишто немаат исплатено плати во февруари и март, ќе има толеранција од страна на УЈП, бидејќи, како што рече директорката, не по нивна вина доцнат платите, нагласувајќи дека до нив се доставени и опомени. Таа апелираше до пратениците што побаразо да ги донесат економските закони, за да им се помогне на компаниите и со тоа работниците да ги добијат своите плати. 

Инаку, околу 17,000 работници останале без февруарските плати, поради тоа што Собранието ги нема донесено законските решенија за исплата на плати. 

Бобан Илијевски