Овие четири навики се лоши за продуктивноста: Еве како да се ослободите од нив
Кога ќе дознаете од што морате да се ослободите за да постигнете некоја цел, таа ќе ви стане многу појасна. Откажете се од следните четири навики кои сме сметаат за „убици“ на продуктивноста за да добиете повеќе од она што го сакате, и да го сопрете на што не го сакате:
Не умеете да кажете „Не“
Треба да избегнувате да се согласувате на работите кои не се во согласност со вашите најважни цели. Ако се плашите да му кажете „не“ на некој за да не му ги повредите чувствата, пронајдете соодветен начин како да го изговорите овој збор.
Сет Годин за ова има врвен совет: „можете да речете не со почит, можете да речете не брзо и јасно, можете да речете не давајќи впечаток дека ќе се согласите. Меѓутоа, ако кажувате ‘да’ само затоа што не можете да ја поднесете краткотрајната болка поради тоа што некого сте одбиле, тоа нема воопшто да ви помогне во работата“.
Страв од хаос
Лоши работи се случуваат. Доаѓаат нереди. Сето тоа се случува. Но тоа не значи дека треба да се откажете од своите цели. Хаосот е природен. Во суштина, што повеќе се фокусирате на она што го сакате, во толкку поголеми количини ќе го имате. И тоа е сосема е во ред. На некој начин, проблемите се добра работа. Кога имате проблем, тоа значи дека преземате нешто.
Не можете да се развивате ако не делувате. А што повеќе делувате, толку повеќе проблеми ќе наоѓате. Реално, една од најголемите разлики помеѓу продуктивните и непродуктивните луѓе е следната: кога продуктивните луѓе ќе наидат на некој проблем, тие продолжуваат – преземаат реални чекори. Кога непродуктивните луѓе ќе наидат на проблем, тие стагнираат – заостануваат.
Создадете временски блокови во кои ќе го решавате хаосот во животот и притоа ќе останете продуктивни колку што е тоа можно. Во тие временски блокови работете на најважните проекти, и браните ги, ако треба, со сопствениот живот. Со текот на времето ќе научите да се носите со хаосот на свој својствен начин. Не дозволувајте му на хаосот да ве контролира. Вие го контролирате хаосот…,така што фокусирајте се на една работа во дадениот момент. Во еден по еден временски блок.
Лоши здравствени навики
Лошото здравје – особено слабото ниво на енергија – е еден од најпотценетите крадци на продуктивноста. Вашето здравје и вашиот успех се меѓусебно испреплетени, и зависат едно од друго за преживување. За оптимално управување со енергијата, и за поголема продуктивност, планирајте го денот со овие навики:
- Медитирајте
- Хранете се здраво, вежбајте, спијте…
- Поминете време со семејството и пријателите
- Поставете цели
- Одвојте ги најважните цели и проекти
Опкружување кое не ги поддржува вашите цели
Знаете ли дека ако еден од вашите пријатели стане гојазен, и вие имате 57 % поголеми шанси да станете гојазни?
Чудно е, зарем не? Тоа се должи на тоа што луѓето со кои најмногу го поминуваме нашето време ги одредуваат стандардите на нашето однесување (т.н. Закон на просекот).
Извор: Staratego/Meanigfulhq
Фото: Shutterstock

