Луфтханза ја намалила загубата, ја задржала прогнозата за 2026 и покрај скокот на цените на горивата
Германската авио-компанија Lufthansa соопшти дека во првиот квартал од 2026 година ја намалила оперативната загуба пред камати и даноци (прилагоден EBIT), од 722 милиони на 612 милиони евра. Во исто време, компанијата ја задржала својата прогноза за целата 2026 година, и покрај значителниот раст на цените на горивото. По објавата на резултатите, акциите на компанијата пораснале за повеќе од два отсто.
Приходите на Lufthansa во првото тримесечје од 2026 година изнесувале 8,7 милијарди евра, што претставува раст од осум проценти на годишно ниво, пренесува Handelsblatt.
Од компанијата посочуваат дека на подобрените резултати позитивно влијаела зголемената побарувачка за летови, како и нарушувањата во работењето на други авиокомпании во регионот на Персискиот Залив, што делумно го пренасочило сообраќајот кон европските превозници.

