Луѓето сакаат да работат за добар шеф – Ова прашање може да ви помогне да најдете таков
Луѓето сакаат да работат за добар шеф колку што сакаат да заработуваат добра плата.
Овие приоритети се меѓу двата најважни фактори во животите на луѓето, дури се и над работите како солидните бенефити, можностите за раст и стекнување на пријатели на работното место, покажува новата анкета на Owl Labs, компанија која прави технологија за видео конференции.
„Старата поговорка дека луѓето не ги напуштаат компаниите, туку шефовите во голем дел се огледува во податоците за ова прашање“, вели Френк Веисхаупт, главен извршен директор на Owl Labs.
Токму поради тоа круцијално е да се бараат менаџери кои поддржуваат, кога сте во процес на трагање по нова работа, вели тој.
Некои од најголемите знаци дека менаџерот е добар се емпатијата, флексибилноста, транспарентноста и одговорноста, вели Депали Вјас, глобална директорка за финтек, плаќања и крипто пракса во Kern Ferry.
„Менаџерите кои знаат да балансираат помеѓу емоционална интелигенција и да не бидат ригидни – тие се добри шефови“, вели Вјас, која има 25 годишно искуство како регрутер.
Што се однесува до откривањето на емоционалната интелигенција на менаџерите за вработување за време на процесот на интервјуирање, таа им препорачува на кандидатите за работа да прашаат: „Како сегашниот тим би ве опишал Вас и Вашиот лидерски стил?“
Обрнете внимание на знаците за тоа дали менаџерот вреднува да биде флексибилен и веродостоен, вели Вјас, како и дали микроменаџира. На пример, менаџерот тоа може да го каже во стилот: „Им го пуштам ланецот онолку колку што треба за да спроведат некоја идеја и им помагам кога навистина им е потребна помош.“
Овој начин на лидерство може да им овозможи на работниците да иновираат и да растат во своите кариери, вели Вјас. Таа објаснува вака: „Јас водам голем, глобален тим. Една голема работа којашто им ја велам е, ‘Не постои грешка што можете да ја направите која јас не можам да ја поправам’. Тоа значи дека ве охрабрувам да направите грешки и да учите од искуството.“
Од друга страна, ако менаџерот рече дека „луѓето ме следат или прават што ќе им кажам“, Вјас вели дека тој е лош менаџер.
Лидерите кои микроменаџираат се сигнал дека компанијата има ниска транспарентност и одговорност низ целата организација, додава Вјас, бидејќи тимовите не се охрабруваат да пробаат нови нешта кои можеби нема да функционираат.
Дополнително, во некои големи организации, вели таа, вообичаено е „сите да се кријат едни зад други за никој да не биде одговорен“ за грешката. „Ова е проблем“, посочи таа.
Наместо тоа, лидерството кое се базира на транспарентност и одговорност ќе признае дека згрешило и ќе бара начин како да ја поправи грешката, вели Вјас.
На крајот на краиштата, кога сте во процес на интервју за нова работа, гледајте вашиот иден работодавач да има емпатиоја, флексибилност, адаптибилност и да е некој кој ќе ве мотивира да растете“, потенцира Вјас.
Извор: CNBC Make it
Фото: Shutterstock