Мажот што 850 пати си инјектираше змиски отров: По 20 години објави дека експериментот успеал!
Американецот Тим Фред, поранешен автомеханичар, кој пред две децении започнал опасен експеримент со цел да развие имунитет на змиски отров, денеска може да се пофали со значаен научен придонес. Неговата приказна започнува во 2001 година, кога започнал да си инјектира мали дози отров од разни смртоносни змии кои самиот ги чувал. По 20 години и 850 инјекции, како и 200 вистински каснувања од отровници, Фред гордо објави: „Експериментот успеа“.
Неговите ексцентрични напори придонесоа за развој на нов, силен противотров кој во лабораториски услови покажал ефективност против отровите на 19 смртоносни видови змии, меѓу кои и кралската кобра. Истражувањето е објавено во реномираното научно списание Cell и предизвика бурни реакции во научната јавност.
[ngg src=”galleries” ids=”22″ display=”basic_thumbnail” thumbnail_crop=”0″]Иако многумина го поздравуваат потенцијалот на ваквиот лек, постојат и етички дилеми околу потеклото на биолошкиот материјал – во овој случај, антителата развиени од Фред преку неговото самоизложување на отров. Коавторот на студијата, д-р Џејкоб Гленвил, директор на биомедицинската компанија Centivax, нагласи дека тимот не го охрабрил Фред да го прави тоа и повика никој да не го повторува неговиот експеримент. „Имаме сè што ни е потребно, а змискиот отров е опасен“, изјави тој за Nature.
Тим Фред уште во средношколските денови почнал да собира отровни змии – кобри, мамби и други опасни видови. Бидејќи набавката на скапите болнички противотрови не му била достапна, решил сам да го „тренира“ својот имунолошки систем – по метод сличен на оној со кој се имунизираат коњи и овци за производство на антитела. „Станав коњ“, се пошегува Фред во интервју за Science Insider.
Во 2016 година, по негово појавување во телевизиска емисија, го забележал д-р Гленвил, кој бил заинтересиран за создавање човечки противотров, бидејќи сегашните – направени со животински антитела – често предизвикуваат опасни имунолошки реакции кај луѓето. Фред донирал 40 милилитри крв, а научниот тим изолирал два типа антитела што неутрализираат две главни класи на невротоксини. Комбинирајќи ги со трета компонента, направиле коктел-противотров што во тестирањата на глувци се покажало дека може да спаси човечки живот од 13 до 19 испитани змиски видови и делумно штити од останатите.
Годишно, околу 200 луѓе дневно умираат од каснувања од змии, главно во земји во развој, а повеќе од 400.000 лица остануваат со трајни последици. Светската здравствена организација (СЗО) уште во 2017 година го стави каснувањето од змии на листата на занемарени тропски болести.
„Нема сомнеж дека ова истражување го носи полето напред во возбудлива насока“, изјави проф. Ник Кејсвел од Универзитетот во Ливерпул за BBC, но додаде дека пред противотровот да се користи кај луѓе, треба да се спроведат обемни тестирања.
Тим Фред денес е шеф на одделот за херпетологија во Centivax и вели дека е „горд што прави нешто добро за човештвото“.
Извор: Telegraf.rs / Jutarnji.hr

