Македонија пред предизвикот на новата мигрантска криза
Македонија со бегалски кризи во својата историја се соочувала повеќе пати од нејзинотото осамостојување како држава, почнувајќи од бегалската криза поттикната од конфликтот во Босна и Херцеговина, потоа бегалската криза од конфликтот во Косово, како и последната бегалска криза од конфликтот во Арапските замји. Најблиска ни е бегалската криза од конфликтот во Арапските земји која започна во јуни 2015 година чиј интензититет започна да опаѓа по март 2016 година, но истата не застана тука. Во јуни 2016 година таканарачената „балканска рута“ беше затворена и голем број на бегалци останаа во Турција. Протокот на бегалци од Турција кои ја користеа „балканската рута“ после јуни 2016 година беше мал. Но во последниве денови преку медиумите дознаваме
дека повторно не очекува голем наплив на бегалци кои од Турција се упатуваат кон „балканската рута“ што посочува на нов бегалски предизвик со кој Македонија треба да се соочи. Во периодот додека траеше последната бегалска криза (јуни 2015 година – март 2016 година) во државата се регистрирани 477 856 илјади бегалци од кои 1455 поднеле барање за остварување на правото на азил во државата.
Целосната колумна на Проф д-р Лазар Јовевски прочитајте ја на Курир.мк