Светот на работникот

Македонски возач казнет во Росток, Германија, поради надминување на дозволените 90 дена во Шенген

Засилените контроли на правилото 90/180 во Шенген-зоната веќе резултираа со казни, депортации и забрани за влез за професионални возачи од Западен Балкан. Додека во Брисел се бара системско решение за регулирање на нивниот продолжен престој, на терен се применуваат строги санкции. Последниот случај со македонски возач казнет во Германија ја отвора дилемата колку транспортниот сектор може да издржи под вакви услови. Превозниците предупредуваат дека ризикот од недостиг на кадар и доцнење на испораките станува сè поизразен

Возачите на транспортните компании од земјите надвор од Европската Унија се соочуваат со засилени контроли во Шенген-зоната, поврзани со ограничувањето за предвидениот престој. Досега, неколку македонски возачи се вратени од различни земји, а последниот случај е регистриран во пристаништето Росток во Германија. Како што известија од „Макамтранс“, бил откриен македонски возач со три дена надминување на дозволените 90 дена во период од 180 дена, по што му била изречена парична казна од 150 евра.

– Возачот ќе ја напушти Германија со авион, а возилото ќе го преземе друг колега од тоа превозно друштво. При напуштањето, ќе му биде издаден документ со точниот датум кога повторно ќе може да влезе во Шенген-зоната – појаснија од „Макамтранс“.

Повеќе тука