НовостиСветот на работникот

Марков: Владата со историски чекор, 2,450 денари поголеми плати за сите во здравството, 3,850 за медицинските сестри

   Време за читање помалку од минута

Оваа Владата покажа како треба да се работи за медицинарите. Потпишаниот анекс на колективниот договор во здравството, трајно ги решава проблемите на медицинските работници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Овој историски чекор – 2,450 денари поголеми плати за сите во здравството, а 3,850 за медицинските сестри е само вовед во конкретните планиови и вреднувањето на здравствените работници, кое ќе трае во тек на целиот мандат, најавија од владејачката партија.

Извор: Алфа