„Марш за нашите животи“ денеска во Скопје – Правото за здрава животна средина, уставно загарантирано
Време за читање помалку од минута
Драгана Велковска, активистка за заштита на животни и животна средина и советничка во Советот на Град Скопје од „Левица“ ги повика граѓаните да излезат на „Маршот за нашите животи“ кој ќе започне во 17 часот пред Министерството за животна средина и просторно планирање, а во 18 часот ќе продолжи пред Владата.
„Поднесов прeдлог-буџетски ставки за буџетот на Град Скопје за 2020 година до кабинетот на градоначалникот, но за жал ниту еден од моите предлози кои се производ од консултација со граѓани на овој град и наша насушна потреба,не го најдоа своето место во предлог-буџетот на Град Скопје за 2020 година кој ќе се усвојува на седницата на Советот на Град Скопје на 23 декември (понеделник), објави Фронталјн.
Latest posts by Редакција (see all)