МДС: МНР покажа голема несолидарност во ек на кризата
Веќе шест месеци раководството на МНР одбива да ја спроведува исплатата на ратите за кредити на вработените за купени стоки и услуги со одбивање од нивните лични доходи, пишуваат од Македонскиот дипломатски синдикат при САДУ во соопштението за јавност.
„Од сите државни институци каде што се регистрирани наши сестрински синдикални организации во рамките на Конфедерацијата на слободни синдикати, МНР е единствената институција што одбива да го направи ова. Ваквото самоволие на мала група луѓе се случува и покрај добиеното позитивно мислење на внатрешните правни служби во Министерството“, велат од МДС..
Според нив, во насока на подобрување на економската положба на вработените Македонскиот дипломатски синдикат во повеќе наврати барал започнување на реализацијата на пристигнатите и идните административни забрани за членовите на МДС. За жал дури и барањата за средби се игнорираат и не добивле никакви одговори од раководството.
„Укажуваме дека ваквото однесување, особено во време на епидемијата на Корона вирусот, е крајно неодговорно, неколегијалано и несолидарно и директно ги руши напорите на Владата за надминување на последиците од кризата“, посочуваат од МДС.
Повикувајќи на конструктивност и примена на законската регулатива со цел сочувување на дигнитетот на Министерството и одбегнување на судски постапки/трошоци кои ќе бидат покренати од страна на фирмите доверители, од МДС бараат најитно започнување на реализацијата на пристигнатите и идни административни забрани за членовите на МДС.

