(Видео) КСС бара повлекување на Уредбата за укинување на додатоците на плата во јавниот сектор
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС на својата фејсбук страна објави видео со кое бара да се повлече уредбата за укинување на додатоците на плата во јавниот сектор која Владата ја донесе на 07.04.2020 година.
Во јавниот сектор има институции каде што работниците ги извршуваат своите работни задачи, било да е тоа од нивните работни места или од домовите. Од синдикалната организација на АД ЕЛЕМ при Самостојниот синдикат на работниците во енергетиката, рудатството и индустријата – ССЕРИ неодамна исто така имаше реакција за укинувањето на додатоците. Од синдикатот посочија дека има вработени таму коишто сеуште одат на работа.
Имаше реакции и од страна на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, од каде што велат дека просветните работници не се на одмор, туку ги извршуваат своите работни задачи, па затоа сметаат дека оваа Уредба не е прифатлива за нив.

