Вести

Мегацунамито на Алјаска било второ по големина на сите времиња. Бранот бил висок 500 метри

Голем бран, т.н. мегацунами, кој настанал кога дел од планината на Алјаска се одронил во морето, е втор најголем некогаш забележен и служи како потсетник на ризиците кои ги носи топењето на глечерите, велат научниците.

Минатото лето џиновски бран го потопил зафрлениот фјорд на југоистокот на Алјаска, оставајќи пустош зад себе, а иако настанот во главно поминал незабележано, новата научна анализа открила дека бил предизвикан од масивен одрон, пишува BBC.

Одронот на карпите создал бран од 500 метри

Неверојатни 64 милиони кубни метри карпи – што е еднакво на волуменот на 24 Кеопсови пирамиди – се срушил во водата. Самата сила на таа маса, која за помалку од една минута се одронила во фјордот, создала џиновски бран висок речиси 500 метри. Самото време на настанот, во раните утрински часови, ги спречило туристичките крузери да бидат зафатени од разорувањето, велат истражувачите.

Д-р Бретвуд Хајгман, геолог од Алјаска кој и самиот ја видел штетата во фјордот Tracy Arm, рекол дека за влакно била избегната катастофа. „Знаеме дека имаше луѓе блиску до опасното подрачје“, изјавил. „Ме ужасува помислата дека во иднина можеби нема да имаме толку среќа.“

Што се мегацунамија?

Овие големи бранови, наречени мегацунамија, настануваат кога одронот е предизвикан од земјотрес или кога нестабилни карпи ќе удрат во водената површина. Обично се локализирани и брзо губат на сила.

Другит вид на цунами се случува на отворен океан и директно е поттикнат од земјотреси или, повремено, од други силни настани како подводни вулкански ерупции. Таквите цунамија, како она во Јапонија во 2011 година, можат да патуваат илјадници километри, погодувајќи ги населените подрачја и предизвикувајќи големо уништување и губење на животи. Најголемиот забележан мегацунами се случил во 1950-тите и бил поголем од 500 метри, што овој последниот го прави втор најголем во историјата.

Врска со климатските промени

Д-р Хајгман стигнал на местото на настанот неколку недели откако цунамито го погодил фјродот Tracy Arm, популарна одредница на крузерите кои ги истражуваат природните убавни на Алјаска.

Затекнал скршени стебла расфрлани по падините и фрлени во вода и големи површини на разголени карпи од кои тлото и вегетацијата биле потполно избришани. Алјаска поради стрмните планини, тесните фјордови и честите земјотреси е особено подложна на мегацунамија.

Новото истражување објавено во списанието Science сугерира дека топењето на глечерите предизвикано од климатските промени значајно ги влошува таквите одрони. Тимот комбинирал теренска работа и сеизмички и сателитски податоци за да го реконструира ланецот на настани и да ја следи висината на бранот.

Д-р Стивен Хикс од универзитетскиот колеџ во Лондон рекол дека глечерите претходно „служеле како поддршка на тие карпи“, па со повлекувањето на мразот дното останало изложено, „со што е овозможено тој карпест материјал изненадно да се одрони во фјордот.“

Тој и неговите колеги со децении ги проучувале цунамијата и изразуваат загриженост. „Се’ повеќе луѓе ги посетуваат оддалечените подрачја – често туристичките крузери доаѓаат токму за да сведочат на природните убавини и за да учат за климатските промени – но тоа воедно се и опасни места.“

Ризикот е се’ поголем

Д-р Хајгман рекол оти нема сомнеж дека ризикот од мегацунамија се зголемува. „Прилично сум сигурен дека не се зголемуваат само малку, туку значајно“, рекол. „Можно е денес да се и до 10 пати почести од пред само неколку децении.“

Научниците повикуваат на засилено следење на опасностите во деловите на Алјаска кои би можеле да бидат чувствителни на мегацунамија. Некои компании за крстарење објавиле дека поради безбедносни причини повеќе нема да испраќаат бродови во Tracy Arm.

Извор: Index.hr