Десет причини поради кои одењето во пензија не би требало на никој да му претставува проблем
Пензионирањето е една од најголемите животни одлуки, бидејќи носи потполна промена на животните навики. Многумина се радуваат на слободното време и животот без будилник, гужви или туѓи распореди. Многумина дури тогаш откриваат колку им значат мирот, бавноста и правото повторно да го имаат денот за себе.
Нема сомнеж дека ова е голема промена во животот. Одеднаш, работата, роковите, утринските будења, шефовите, смените и деновите распоредни онака као што сакаат другите остануваат зад нас.
Се соочуваме со нешто што убаво звучи, но е помалку непознато: слободното време. Тоа носи и други работи со кои навистина можеме да се радуваме, пишува порталот Moje vreme.
А еве и десет добри причини зошто пензијата не би требало да е проблем за никого:
Времето е наше
Најголемата промена не е само тоа што повеќе не одиме на работа, туку што денот станува наш. Состаноци, рокови, смени, повици и обврски кои се втурнати помеѓу стануваат минато. Ако размислите за тоа, сѐ со што претходно сме го исполнувале денот било задоволување на туѓи потреби.
Во пензионерските години се насочуваме кон себе. Можеме да прошетаме кога ни одговара, да одиме во продавница кога нема гужва, да се напиеме кафе без брзање или едноставно да останеме дома без чувство дека некаде сме задоцниле.
Повеќе не ни е потребен будилник
Едно од најголемите задоволства од пензионирањето е многу едноставно. Не мораме да се будиме со звукот на алармот. Со години тој звук го одредувал почетокот на денот, без оглед на тоа дали сме спиеле добро или нашите тела барале повеќе одмор.
Многу пензионирани луѓе и понатаму се будат рано, но разликата е огромна. Денот повеќе не почнува со наредувања, туку со природно будење. Или го навиваме будилникот, но на време би го направиле она што не прави среќни, На пример, да ги нахраниме домашните миленици и домашните животни, да ги навадиме цвеќињата и бавчата пред да излезе сонцето.
Бавни сме, бидејќи така ни се допаѓа
Додека работиме, сѐ мора да биде брзо, кратко, ефикасно: ручек, разговор, одмор, одење на лекар, па дури и слободното време го користме да ги наполниме батериите, за да можеме уште повеќе да работиме. Пензионирањето ни го враќа правото да забавиме.
Прошетката може да трае подолго од што сме планирале. Разговорот со соседот не мора да биде прекинат со поглед на часовникот. Можеме да читаме, готвиме, градинариме или да поправаме нешто по дома, а да не чувствуваме дека би требало да бидеме на друго место.
Повеќе не ни е потребен стрес
Пензијата не ги брише сите грижи. Поточно, здравјето, семејството, парите, бирократијата и непредвидените трошоци и понатаму се на нашиот дневен ред. Но посебниот облик на притисок исчезнува: стресот на работното место.
Нема повеќе канцелариски политики, итни мејлови, барања од надредните, промена на смени и постојана будност. Дури тогаш многумина сфаќаат колку долго живеат под напнатност.
Здравјето е најважно
Додека работиме, често се обидуваме здравјето да го втурнеме во категоријата „ако можеме. Кратка прошетка ако можеме, преглед кога ни е навистина потребен, вежбање ако не сме премногу уморни. Во пензија здравјето може да стане централен дел од секојдневниот живот.
Не претерувате и не станувате робот на обврските на вашата нова работа. Редовно одење, лесни вежби, пливање, градинарство или возење со велосипед можат да бидат доволни на своето тело да му пружите внимание кое ве чека со години.
Избираме со кого се дружиме
На работа не ги бираме секогаш луѓето со кои го поминуваме времето. Некои ни стануваат драги, а некои не исцрпуваат. Во пензија кругот на луѓе може природно да се распореди.
Поеќе време останува за семејството, пријателите, соседите, здруженијата, хоровите, планинарските клубови или луѓето со кои делиме интереси. Една од слободите на повозрасните години е што не мораме да ги трпиме односите кои сѐ повеќе и повеќе не исцрпуваат.
Работиме, но под свои услови
Пензијата не значи дека лицето никогаш повеќе нема да работи. Многумина тогаш пронаоѓаат работа, хоби или ангажамн кој им носи смисла.
Некои пишуваат, некои волонтираат, некои се грижат за внуците, работат во градина или повремено го работат она што го знаат и сакаат. Разликата е во тоа што таквата работа не мора да значи товар од кариера, докажување, вреднување на себеси и страв од отказ. Она што останува најдборо: корисност и чувство на придонес.
Секој ден е како недела
Особено е задоволувачки да се завршат работите додека поголемиот дел од луѓето се на работа. Купување во вторник наутро, прошетка во среда наутро, кафе без гужви, патување вон сезона. Викендот повеќе не е единствено место за живот.
Многу пензионери со текот на времето почнуваат да ја избегнуваат саботната гужва, бидејќи повеќе не мораат да работат во исто време како и сите останати.
Облеката е поудобна
Сме се одрекле од униформата, вратоврските, неудобните канцелариски обувки, не почитуваме правила, немаме секојдневна шминка, немаме редовно бричење.
Удобни обувки, мека облека, тренерка за шетање, слојна облека за во градина. После децении прилагодување на другите, убаво е да не се извинува поради сопствена удобност.
Пет букви – најголема радост
Најголемата радост од пензионирањето може да биде мирот. Чувството дека не мораме постојано да трчаме по работа, повеќе статус, повеќе докажување на себе и повеќе туѓи итни потреби.
Да, многу луѓе во пензија едвај составаат крај со крај. Можеби поради нив овој текст не делува праведно. Но за луѓето кои успеваат да ги задоволат своите основни потреби, пензионирањето може да значи преку потребен мир. А мирот е првиот сосед на среќата.
Извор: Poslovni.hr

