Ментално здравје и работната средина: Стресот најизразен во токсичните работни средини
Најчеста причина за појава на проблеми со менталното здравје во работната средина, кои најчесто се рефлектираат со симптоми на депресија и анксиозност, како и со синдром на „прегорување“, е стресот на работа.
Светската здравствена организација го дефинира менталното здравје како состојба на ментална благосостојба која им овозможува на луѓето да се справат со животните стресови, да ги разберат своите способности, да учат добро, да работат и да придонесуваат за нивните заедници.
Широк спектар на фактори може да влијае на тоа како позитивно и негативно врз менталното здравје на една личност. Иако повеќето луѓе имаат природна отпорност кога се соочуваат со различни предизвици – како во приватната така и во професионалната средина – сепак постои дел од популацијата што е поподложна на развој на проблеми со менталното здравје.
Причините се многубројни – од сиромаштија, социјална нееднаквост, различни видови хендикеп, насилство, доживеани трауми, семејни околности, генетска подложност, како и културни фактори кои можат да ја зголемат стигмата која за жал се уште е присутна кога се во прашање тешкотиите во менталното функционирање.
Повеќе на Трн
Фото: Pexels
- Потпишан Протокол за Соработка меѓу СПМ и НСПЦГ - 16/05/2025
- На петгодишната од своето постоење СПМ одржа Собрание - 16/05/2025
- Орце Коцевски реизбран за претседател на СПМ - 16/05/2025