ИнтервјуаНовости

Месечно гинат 30 до 40 лица на работните места – Државата ги маргинализира и игнорира стручните лица, вели Петковски

   Време за читање 1 минута

Новинар: Бобан Илијевски

Иако би требало да биде приоритет на надлежните бидејќи се работи за човечки животи, безбедноста и здравјето работа не е на таа листа. Од 2007 па наваму, на работните места загинати се 600 луѓе, а илјадници се повредни. Сето тоа државата ја чини 4 % од Бруто домашниот производ или преведено во пари – 400 милиони евра годишно. 

На работниците коишто работат на отворено, бремените жените и постарите работоспособни лица, најтешко им е во периодите кога температурите се енормно високи. Владата неколку пати досега донесе препораки за заштита од високите температури, но праксата покажува дека работодавачите, оние несовесните, ги толкуваат како што сакаат. Затоа и пред некој ден Државниот инспекторат за труд на 30 компании им забрани да работат.

За тоа што е навистина потребно за да се заштитат работниците во вакви ситуации, како и за недоволниот број на трудови инспектори и повредите и смртните случаи на работните места, денеска разговарам со М-р Милан Петковски од Македонското здружение за заштита при работа. Со оглед на тоа дека работам од дома, а и поради тоа што сакав интервјуто да биде во аудио формат, го направивме преку телефон. Истото можете да го слушнете во продолжение:

 

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, човечки ресурси и кариера