НовостиПравда

Меџити го повикува професорот Јовев да му биде советник во кабинетот

   Време за читање 1 минута

Министерот за здравство Фатмир Меџити откога го разреши директор на Државната кардиохирургија, професор Сашко Јовев го повика професорот да му биде советник во Кабинетот, како национален координатор за кардиохирургија. Тој појасни дека со него е пријател, го цени како стрчњак, деновиве пиел со него и кафе, затоа смета дека во оваа работа нема политичка или друга позадина за неговото разрешување.

Министерот нагласи дека тој е разрешен како директор,но останува да работи на Клиниката, да оперира и да им се посвети на пациентите и на проектот за трансплантација.Меџити не сакаше да обелодени кој ќе седне на директорското столче на Кардиохирургија, посочувајќи дека овие обврски ќе ги врши организацискиот директор.

-Професорот ќе продолжи со работа како здравствен работник и ќе биде послободен од административни обврски, ќе има повеќе време за пациентите. Разрешувањето е во правец на подобрување на здравствените услуги- кажа денеска Меџити.

Според информациите на Комисијата за стручен надзор причината за разрешувањето е што немало согласнот за дежурства во текот на 2022 година. Ова е според посебен член од Законот за здравствена заштита , кој што го утврдила комисијата која е формирана во Министерството за здравство на 26 мај годинава. Оваа комисија во моментов ја чешла документацијата на неколку скопски клиники.