Правда

Мизрахи оствари средба со здружението на глуви и наглуви на Македонија

   Време за читање помалку од минута

Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи на својата фејсбук страна објави дека денеска имала средба со сојузот за глуви и наглуви на Македонија.

Денеска се сретнав со поголемиот дел од членовите на Националниот сојуз за глуви и наглуви на Македонија.
Тие бараа да се сретнеме за да разговараме за проблемите со кои се соочуваат.
Ги ислушав нивните проблеми, а на мое големо изненадување и жал, ми кажаа дека веќе неколку години, иако поднесувале повеќе барања за средби во министерството, не биле повикани ниту еднаш.
Од моја страна им ветив и понудив помош за секој проблем што го имаат, а е во рамките на моите надлежности, бидејќи МТСП припаѓа на сите граѓани, пишува Мизрахи на нејзината фејсбук страна.