Правда

Мизрахи се сретна со пензионерите во пензионерскиот дом во Аеродром

   Време за читање 1 минута

Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи заедно со претставник на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се сретна со пензионери кои домуваат во пензионерскиот дом во општина Аеродром.

„Ми беше чест заедно со претставник од ФПИОМ да се сретнам со пензионерите кои домуваат во пензионерскиот дом во општина Аеродром.

Имав можност да ги слушнам најголемите проблеми со кои тие се соочуваат како станари во овој пензионерски дом.
Се справуваат со недоволно греење, немаат соодветни услови за нормален живот, но од сите проблеми кои ги истакнаа за нив најтешкиот е недостаток на социјални активности во секојдневниот живот.

Со цел колку можеме да им го разубавиме животот и внесеме среќа во ова трето доба како што заслужуваат, лично се заложив да им обезбедам аниматори-волонтери преку невладините организации како и волонтери од Црвен крст на Град Скопје, кои ќе им овозможат организација на социјални активности во пензионерскиот дом“, напиша таа на нејзината фејсбук страна.