- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Минимална плата во март ќе биде повисока за 400 денари

ССМ: Коронакризата ги зголеми месечните трошоци - Работник
5.24Kviews

Минималната плата за март ќе се зголеми за околу 400 денари и ќе изнесува 15.400 денари.

Ваквото зголемување доаѓа како резултат на усогласувањето и порастот на просечната плата, која и покрај кризата, статистиката пресмета дека се зголемила за 8,8%, како и порастот на трошоците.

Но негативниот БДП лани, не дозволува повисок раст на минималецот. А токму тоа го бараат синдикатите. Да нема работник во државата кој ќе зема плата под 16.000 денари.

Просечната плата во земјата, според Државниот завод за статистика, изнесува 28.294 денари.