- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Министерот Бесими, евроамбасадорот Гир и ресорните министри на средба за Програмата за економски реформи 2021-2023

55views

Со 20 реформски мерки за здравството, образованието, социјалната заштита, пазарот на труд, намалување на сива економија, подобрување на деловната клима, иновациите, дигиталната трансформација, енергетика, транспорт и земјоделие во рамки на Програмата за економски реформи 2021-2023 ќе се работи на клучните реформски процеси во земјава, кои ќе го интензивираат дијалогот со Европската Унија. Фокусот на новата Програма за економски реформи, чија изработка ја координира Министерството за финансии, ќе биде справување и надминување на последиците од кризата предизвикана од Covid-19 пандемијата, како и поставување на основи за забрзан и оддржлив економски раст, зелена економија, дигитализација на процесите и општо подобрување на сите процеси и состојби во општеството.

Вчера во Министерството за финансии беше одржана средба помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими, амбасадорот на ЕУ во земјава Дејвид Гир и ресорните министри со цел да се разгледаат реформските мерки кои ќе се имплементираат. На средбата учествуваа и вицепремиерот за економски прашања Битиќи, министерите за економија – Бектеши, за информатичко општество – Шаќири, за транспорт – Бочварски, за образование – Царовска, за труд и социјална  политика – Шахпаска, за здравство – Филипче, како и директорите на Фонд за иновации и технолошки развој Петров, на  Агенција за вработување Демири и на Бирото за јавни набавки Хаџиев.

Advertisement

На средбата беше истакнато дека и покрај тоа што се соочуваме со светска здравствена и економска криза, сега е вистинско време за креирање реформи бидејќи полесно се гледаат критичните точки, како и дека е нужно да се гледа напред за да се изгради отпорно и одржливо општество.

Министерот за финансии Бесими посочи дека долгорочното планирање и поставувањето на повеќегодишна рамка, каква што е во Програмата за економски реформи е неопходно за постигнување на подобри резултати. Тој рече и дека е потребно да се зема предвид севкупниот ефект на мерките и реформите врз општеството.

Advertisement

Министерот за финансии посочи дека со новиот Закон за буџети со кој се предвидидува среднорочно буџетирање, ќе се надмине расчекорот помеѓу Програмата за економски реформи, која има среднорочна рамка, и едногодишната фискална рамка на буџетот, што е од особено значење за подобра реализација на мерките.

На состанокот беше кажано дека во текот на следната недела Програмата за економски реформи ќе биде доставена до Европската комсија во рамки на предвидените рокови.

Advertisement