- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Министерот Маричиќ потпиша правилник за зголемување на платите на судската полиција

Министерот Маричиќ - Работник
189views

Министерот за правда Бојан Маричиќ, во присуство на претставниците на УПОЗ и Независниот синдикат на судска полиција, го потпиша правилникот за зголемување на платите на судската полиција. Со ова се решава долгогодишниот проблем на овие службеници кои бараа зголемување на платите. Потпишувањето на правилникот е резултат на повеќе месечните преговори, информира Министерството за правда.

Со него се предвидува процентуално зголемување на платата во зависност од тоа во кој суд работат службениците. Зголемувањата изнесуваат од 8 отсто до 18 отсто. Најголемо зголемување добиваат Основниот Кривичен и Основниот граѓански суд во Скопје.

Advertisement

-Министерот Маричиќ на УПОЗ и Независниот синдикат на судска полиција им се заблагодари за конструктивниот дијалог, потенцирајќи дека Министерството за правда се залага за севкупно подобрување на стандардот и условите во кои работи судската полиција, се вели во соопштението од Министерството за правда.

Претставниците на УПОЗ и Независниот синдикат на судска полиција изразиле благодарност и задоволство што после многу апели и протести конечно се решил нивниот проблем. Тие на министерот му ја пренеле пораката дека ова за нив е значаен чекор, на кој гледаат како на конкретен чекор за решевање на нивните проблеми. 

Advertisement
 

Advertisement