Брнабиќ е уверена дека „Фиат“ останува во Србија
Премиерката Ана Брнабиќ е убедена дека „Фиат“ ќе остане во Србија и во следниот период, соопшти Сојузот на независни синдикати на Србија по состанокот во зградата на Владата на Србија.
Претседателот на Сојузот на независни синдикати на Србија, Љубисав Орбовиќ и претставници на синдикалната организација Фиат во Србија се сретнаа со премиерката Ана Брнабиќ, која е убедена дека Фиат ќе остане во Србија и во наредниот период, соопшти Синдикатот.
Според соопштението, премиерката Брнабиќ ова им го кажала на Орбовиќ и на претставниците на синдикалната организација „Фиат автомобили од Србија“, на чија иницијатива е свикан денешниот состанок.
Оваа информација може да ги намали тензиите кои последниве месеци постоеја меѓу вработените во фабриката во Крагуевац, велат од СССС.
Стравот за иднината и опстанокот на фабриката е оправдан со оглед на тоа што вработените годинава работеле само седум дена, додека, истовремено, работниците се поканети да работат во Словачка три месеци, велат од СССС.

