Министерот Меџити чекал извештај за сработеното од проф д-р Јовев па затоа го разрешил
Министерот за здравство Фатмир Меџити во изјава за новинарите ја потврди веста која ексклузивно ја објави МКД.мк – дека го разрешил од директорската позиција во Државна кардиохирургија проф.д-р Сашко Јовев, кој ги предводеше тимовите кои ги извршија првите трансплантации на срце во Македонија. Меџити очекувал од Јовев извештај за сработеното.
Според министерот позицијата директор на државната Кардиохирургија била на СДСМ, но и дека ќе има друг предлог.
„Ова се транзициски позиции и нема овде никој вечен на функцијата, ниту јас, ниту директорите, рече Меџити одговарајќи на новинарски прашања откако беше промовирана е-услуга за регистрација на новороденче.
Министерот не кажа што за македонското здравство има постигнато проф д-р Сашко Јовев, ниту дека ја запиша Македонија на мапата на земји во светот каде успешно се вршат трансплантации на срце, а не ги спомена ниту државните награди за постигнувања во медицинската наука.
Неофицијално, нов директор ќе биде Ваљон Асани, кој е интервентен кардиолог, а не е кардиохирург.