ЗанимливостиНовости

Министерот Шаќири се сретна со победниците на натпреварот NASA Space Apps Challenge

   Време за читање 1 минута

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, оствари средба со победниците на националниот натпревар NASA Space Apps Challenge, ученици од средните училишта „Зеф Луш Марку“, „Раде Јовчевски – Корчагин“ и „Орце Николов”.

Честитајќи им го постигнатиот успех и освоеното прво место, министерот Шаќири истакна натпреварите како NASA Space Apps Challenge се дел од поголем процес за подготовка на нова генерација на научници, инженери, астронаути и истражувачи, кои ќе ги предводат светот во извршување нови мисии.

„Среќен сум што овој интернационален настан во континуитет го препознава исклучителниот квалитет, амбициозност и талент кај нашите млади луѓе“, рече Шаќири.

Тимот за три дена колку што траеше натпревар успеа да направи интерактивна мобилна апликација и веб страна преку која можат да се истражуваат позициите и големините на кратерите на Месечината направени од земјотреси таканаречени moonquakes, преку податоци од NASA добиени од сеизмички и геофизички податоци прибрани од инструментите кои ги имаат оставено астронаутите од Аполо мисиите.

Учениците, покрај освоеното прво место се стекнаа и со правото посетат вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Соединетите Американски Држави.