КолумниНовости

(Мини-колумна) Државата да им помага директно на работниците!

   Време за читање 1 минута

За време на пандемијата, дел од компаниите кои добиваа финансиска помош во износ на минимална плата од 14,500 денари ги злоупотребија парите. Иако ова беше пред повеќе од две години, сѐ уште немаме никаква разврска од страна на Јавното обвинителство кое, се сеќавам како да беше денеска, рече дека ќе го истражи случајот. Од тогаш па наваму, невладини организации кои се залагаат за заштита на работничките права и дел од синдикатите, одвреме навреме ги потсетуваат надлежните органи за овој скандал, но некако како да не допира до нив.

Интересно (во пејоративна смисла на зборот) е што минатата Влада, и покрај злоупотребите од страна на одредени компании, продолжија да им исплаќаат пари. Затоа сметам дека доколку треба некако да се помогне за да се зголемат платите на работниците, тоа да биде насочено директно кон нив. Доколку се даваат субвенции или државна помош, таа директно да легне на сметките на вработените. За ова се залагаат и дел од синдикатите, а и јас лично мислам дека е одлична идеја.

Бобан М. Илијевски

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и главен и одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk.