Правда

МИОА: Координативен состанок со надлежните институции за постапување по претставки за притисоци за време на избори

МИОА: Координативен состанок - Работник
111views

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска оствари средба со раководните лица на институциите кои се надлежни да постапуваат по претставки за притисоци врз вработените во јавниот сектор, за време на предизборна кампања.

На средбата присуствуваа претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, директорот на Агенцијата за админстрација Спасе Глигоров, Фаница Николоска, директорка на Државниот управен инспекторат, директорот на Државниот просветен инспекторат Томе Спироски, директорот на Државниот трудов инспекторат Алајдин Хавзиу и Зоран Билбилоски од канцеларијата на Народниот правобранител.

Министерството за информатичко општество и администрација продолжува со воспоставената пракса на објавување на алатка за пријавување на притисоци на својата веб страна. Тоа беше направено за локалните избори во 2017та година, за референдумот во 2018та, како и за претседателските избори во 2019та година.

Средбата денеска беше со цел координација и подготовка за брза и професионална реакција и постапување по однос на сите претставки кои ќе присигнат во МИОА. На состанокот беше заклучено дека сите институции се подготвени да постапат согласно законските обврски и надлежности. Целта е да се обезбедат и гарантираат сите предуслови за фер и демократски избори.

Дополнителната заменичка министерка Невенка Стаменковска Стојковски беше повикана да биде дел од објавувањето на алатката и заеднички да се повикаат сите вработени во јавниот сектор да пријавуваат притисок. Стаменковска Стојковски, сепак одлучи индивидуално да го води овој процес и уште еднаш да прави поделби меѓу вработените.

Извор: МИОА