Македонија

МИОА ќе обезбедува дневни дозволи за работа на медиумските работници после 21 часот

182views

Согласно мерката на Владата на Република Северна Македонија за ограничено движење, односно воведување на полициски час и обезбедување на сите предуслови за непречена и професионална работа на медиумите во нашата држава, Министерството за информатичко општество и администрација ќе обезбедува дозвола за работа на терен на медиумските работници и по 21:00 часот.

Овие дозволи ќе започнат да се издаваат од денеска (22-ри март), за што медиумите ќе треба да испратат барање со податоците за новинарот и снимателот кои денеска ќе работат на терен (име и презиме, мобилен телефон, е-маил, ЕМБГ, причина за движење после 21:00 часот и медиум, на маил: cabinet@mioa.gov.mk, најдоцна до 20:00 часот.

Одобрените барања веднаш ќе бидат испратени до МВР, од каде ќе бидат проследени до службените лица кои вечерва ќе вршат контрола на терен.

Дозволите ќе се издаваат на сите медиуми кои се регистрирани во регистарот на ААВМУ (Регистар на печатени медиуми / Регистар на телевизии / Регистар на радија), како и сите онлајн медиуми од Регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и Здружението на новинари на Македонија (Регистар на професионални онлајн медиуми).

Од утре (23-ти март), барањата за  дозвола ќе се испраќаат до МИОА еднаш неделно, односно во понеделник, со распоред на екипите кои ќе работат на терен во текот на целата недела.

МИОА, на дневна основа повратно, по електронски пат ќе испраќа до секој медиум потврда за дозволено движење, односно пдф документ со код. Кодот ќе служи за верификација при контролата од страна на МВР. Медиумските екипи кои ќе бидат на терен ќе имаат обврска единствено да го покажат документот, a тоа ќе биде возможно да се направи од мобилниот уред или доколку сакаат и да го испечатат, на службеното лице од МВР.

Извор: Влада