НовостиПравдаСветот на работникот

Митрески: Ќе предложиме измени на Законот за високото образование, покачување на платите треба да има за сите вработени во државните универзитети

   Време за читање 2 минути

Со цел да ја надминеме нерамноправната положба на вработените во петте државни универзитети: „Гоце Делчев“- Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола, Државен Универзитет во Тетово, „Св. Апостол Павле“, како и во Универзитетот „Мајка Тереза“, на денешната координација донесовме одлука да предложиме измени на Законот за високото образование со кои ќе се регулира коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи, со што ќе се обезбеди соодветно покачување на платите за сите, информира на својот Фејсбук профил спикерот на Собранието Јован Митрески.

“На овој начин го унапредуваме стандардот на сите вработени во високообразовната дејност, но и инвестираме во образованието и во иднината на младите генерации. Ги повикувам сите пратеници да го поддржат ова законско решение, бидејќи образованието е прашање за кое е неопходен консензус и за кое нема простор за политички или партиски калкулации“,порача Митрески.

Над 3 000 вработени на најстариот државен универзитет во земјава „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје од февруари е предвидено да добиваат за околу 22 отсто повисоки плати согласно поединечниот колективен договор склучен меѓу УКИМ и Собранието во декември 2022 година.

Одредбите од договорот, односно исплатата на покачените плати на вработените на Универзитетот требаше да стапи во сила од јануари годинава, но Сојузот на синдикати при УКИМ неодамна алармираше дека договорот не е испочитуван и дека државата не обезбедила пари во Буџетот за оваа намена.

По ова, Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Министерството за образование и наука (МОН) на 27 февруари информираа дека на владина седница била донесена одлука со која вработените на Универзитетот од ќе ги добиваат покачените плати согласно колективниот договор. Ретроактивно ќе им биде исплатена и разликата за јануари.

Колективниот договор склучен меѓу УКИМ и Собранието предвидува значително покачување на платите на наставниот и ненеаставниот кадар, што е во согласност со заложбите и барањата на Синдикатот на УКИМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *