МакедонијаНовостиСветот на работникот

Младите мора да работат на повеќе работни места за да си овозможат квалитетен живот

   Време за читање помалку од минута

Во земјава, сиромаштијата расте. Бројот на граѓани кои живеат во екстремна сиромаштија, со под 60 денари на дневно ниво, годинава се очекува да порасне од 12.000 до 28.000 лица, односно помеѓу 20% и 50% отсто повеќе од преткризната состојба, кога во екстремна сиромаштија живееле 50.000 граѓани.

Дополнително, се очекува да порасне и бројката на лица кои живеат во умерена сиромаштија, односно со под 200 денари на дневно ниво. Пред кризата, во умерена сиромаштија живееле 360.000 македонски граѓани, а годинава таа бројка се очекува да стигне до 510.000 лица.

Ова беа главните наоди од студијата „Влијанието на инфлацијата врз сиромаштијата во Република Северна Македонија“, во авторство на економскиот истражувач Бранимир Јовановиќ, издание на СИГА и ФЕС.

Повеќе на Радио МОФ

Фото: Радио МОФ