- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Младите не се заинтересирани за синдикално организирање

Младите не се заинтересирани - Работник
314views
Аларм- Младите не се заинтересирани за синдикално организирање
Во рамки на Европската Унија во последно време се актуелизира прашањето на незаинтересираноста на младите за членство во синдикатите. Според последните податоци, просечната возраст на работниците кои се членови на синдикат е помеѓу 40 и 50 години старост. Зошто синдикатите „стареат“?
Младите луѓе потешко се вработуваат, не се доволно запознати со своите права и обврски од работен однос, и едноставно, не веруваат дека членството во синдикална организација ќе им биде од полза или значење воопшто доколку се соочат со ускратување на нивните работнички права или во случај на отказ. Од друга страна пак, досегашното искуство и практика на синдикатите покажува дека доколку работникот пристапи во синдикат на помлада возраст остануваат членови до самото пензионирање. Во спротивно, на поголема возраст работниците многу потешко одлучуваат да станат членови на синдикат.
Истиот тренд се случува и во Македонија.
Како може да се промени ова? Со стратегија на синдикатите за привлекување членство меѓу младите работници, се разбира преку подобрени услуги приспособени на потребите на младите работници според истражување на пазарот на труд. Исто така, синдикатите треба да се доближат до помладата работничка популација и да станат полесно достапни. Покрај тоа, синдикатот би требало да им овозможи на младите членови едукации и обуки кои би биле бесплатни, како и нивно вмрежување и полесна комуникација за меѓусебна поддршка. Младите синдикални членови треба активно да се вклучат и во процесите на одлучување.
 

Аларм- Младите не се заинтересирани за синдикално организирање

Во рамки на Европската Унија во последно време се…

Posted by Juridica on Wednesday, April 7, 2021