НовостиСветот на работникот

Можете да заработите до 3,000 евра месечно, треба да знаете англиски и не ви е потребно работно искуство

   Време за читање 1 минута

Голем дел од Балканците имаат желба да работат на брод. Тоа се должи најмногу на високите плати, бакшиши, но и амбиентот, патувањата и крстарењето на речиси целиот свет, пишува Kurir.rs.

Многу од нив заминале да работат на крузери, заработиле добра сума на пари и си обезбедиле недвижнини. Сите кои сакаат да работат на брод треба да знаат и кои услови мораат да ги исполнат.

Моментално на огласите се бараат работници за работа на крузери со пет и седум ѕвезди за една спа – компанија во кои се наведува месечна заработка од 2,000 до 3,000 долари месечно.  

Апликантите треба да го зборуваат англискиот на разговорно ниво, да имаат диплома од бараната струка, важечки пасош, додека работното искуство не е потребно.

За да аплицираат треба да испратат CV на англиски јазик по електронски пат.

„Тренингот се одвива онлајн и не е платен, а постои и можност веднаш да започнете со работа на брод. Компанијата ги покрива трошоците за авионски билет до бродот и трошоците за издавање на американска виза“, пишува во огласот.

Извор: b92.net

Фото: Shutterstock/Tupungato