Висока плата, вклучени патувања, без диплома од факултет: Работа со големи можности, но за многумина е ноќен кошмар
Работата од дома е привлечна за многумина, а кога е во прашање работа во комбинација со патување – тоа е друга приказна. Иако на многумина прво им паѓаат на памет стјуардесите, работата на брод секако не е занемарлива. На веб страните често можат да се најдат понуди кои опишуваат какви кадри се потребни, како и условите за работа, но јасно е истакната и висината на платите. Диплома од факултет во главно не е неопходна, додека искуството е пожелно, но не и пресудно.
ИТ стручњаците се побарувани и на брод, а платите се движат и до 5,000 долари.
Една од најбараните работни позиции е „сомелиер“. Неопходно е добро да се познаваат вината (видови на грозје, региони…), како и напредно знаење на англиски јазик. Месечната плата е околу 3,800 долари.
Исто така тука е и позицијата персонален готвач кој може да заработи околу 3,350 долари, а се бараат и пица мајстори, паста мајстори, а нивната плата е повеќе од 2,000 долари.
Лицата за одржување на простор, како и келнерите се и тоа како побарувани, а платите се движат околу 2,000 долари, со обезбедено сместување и храна.
Сепак, познатиот српски инфлуенсер кој работи на брод, го раскажал своето искуство преку социјалните мрежи.
@ivanpanic_serbia Ko bre ne vidi?
♬ original sound – Ivan Panic
Како што истакнал, работата не трае осум часа, туку се работи „по цел ден“, додека паузите се минимални. Смената започнува околу 5 и 30, па во главно трае до 12.00. Тогаш следува пауза од час време која не е доволна, бидејќи како што вели, толку му треба за да стигне до својата кабина и да се врати на местото на кое работи. Потоа започнува работата, од 13 часот, па се до 18, по што следува уште една пауза од час време, а потоа продолжува работата до доцна.
Работата може да трае до 12 часот, но и повеќе, во зависност од потребата и гужвата на бродот или крузерот. Сепак, Иван не крие дека и покрај се‘, го „живее својот сон“.
Извор: Telegraf Biznis
Фото: Storylines / Ferrari / Profimedia

