Светот на работникот

ВИ го менува пазарот на труд – овие занимања се меѓу најзагрозените до 2030 година

Вештачката интелигенција (ВИ) се’ повеќе го менува начинот на кој луѓето работат, а промените не се однесуваат само на програмерите и ИТ секторот.

Најновите анализи од 2026 година покажуваат дека промената не се сведува само на автоматизација на рутинските задачи: од вработените се’ повеќе се очекува да знаат да ги користат ВИ алатките, да ги проценуваат нивните резултати и да донесат одлуки кои технологијата не може самостојно да ги преземе.

Извештајот на компанијата PwC, објавен во јуни 2026 година, укажува на тоа дека вешитените потребни за работните места кои се најмногу изложени на вештачката интелигенција се менуваат повеќе од двојно побрзо отколку кај занимањата кои се помалку изложени на оваа технологија. Истовремено, истражувањето покажува дека ВИ не мора нужно да значи помалку работни места: компаниите кои успешно ја користат бележат и поголем раст на продуктивноста, платите и бројот на вработени.

Администрацијата и рутинските задачи под се’ поголем притисок

Работните места кои во голема мера се потпираат на повторувањето на слични задачи се меѓу првите на кои се чувствува влијанието од новата технологија. Тоа посебно се однесува на обработка на документи, внесување на податоци, подготовка на стандардизирани извештаи и дел од секојдневната канцелариска администрација.

ВИ алатките можат да состават нацарт документ, да ги распоредат информациите, да ги издвојат податоците од големиот број на фајлови и да го автоматизираат делот од комуникацијата со клиентите. Поради тоа од вработените се’ помалку се очекува само да ги извршуваат однапред зададените процедури, а се’ повеќе да ја проверуваат точноста на резултатот, да ги решаваат погрешните и да преземат одговорност за конечната одлука.

Тоа не значи дека административните работници, сметководителите или вработените во корисничка поддршка автоматски ќе останат без работа. Многу е пореално да се очекува дека поединечни задачи ќе се автоматизираат, додека описот на работното место ќе се менува во зависност од тоа колку работодавачот ги користи новите системи.

Сличен процес ги зафаќа и останатите канцеларски професии. Во финансиите, маркетингот, правните услуги и медиумите, ВИ може да го забрза истражувањето, подготовката на нацртите и анализата на податоци, но човечката проверка, стручната процена и одговорноста остануваат клучни.

Работодавачите се’ повеќе ја вреднуваат комбинацијата на стручноста и работењето со ВИ алатки

Анализата на ОЕЦД од јуни 2026 година укажува на растечко значење на вештните поврзани со употребата, анализата и толкувањето на податоци. На организациите не им е доволно само да ја воведат технологијата: недостатокот на знаење и обучени работници претставува една од препреките на нејзиното пошироко користење.

Затоа предност не мораат да имаат исклучиво програмерите и стручњаците за вештачка интелигенција. Важно е и сметководителот да знае како да ја користи автоматизацијата, новинарот да умее да ги провери информациите кои ги добил со помош на ВИ алатките, како и вработените во продажба да знаат да ги протолкуваат податоците и да ја прилагодат понудата на купувачите.

PwC во извештајот од 2026 година особено го истакнува значењето на човечките способности како расудување, креативност, емпатија и лидерство. Во професиите кои се менуваат под влијание на ВИ технологии таквите вештини можат да станат уште поважни, бидејќи автоматизацијата презема дел од рутинските задачи, додека од човекот остануваат посложените проценки и одлуки.

Не се загрозени само работните места во технологијата

Влијанието на вештачката интелигенција не се ограничува само на ИТ секторот. Технологијата се воведува во финансиските услуги, трговијата, производството, професионалните услуги, медиумите и јавната управа, но темпото на промена се разликува од индустрија до индустрија.

Во поединечни области ВИ може да им овозможи на вработените да направат повеќе за истото време. Во други може да ја намали потребата за одредени рутински задачи или да го промени бројот и видот на почетните позиции. PwC наведува дека кај почетните позиции се менува и она што работодавачите го очекуваат од кандидатот: во поединечни занимања, се’ повеќе се бараат вештини кои претходно биле покарактеристични за искусните работници, како стратешко размислување и водење.

За младите кои доправа влегуваат на пазарот на трудот тоа може да значи дека познавањето на теорија повеќе не е доволно. Се’ поважно станува практичното искуство, способноста за решавање на проблеми, комуникација и разбирање на начинот на кој технологијата се користи во конкретната професија.

Кои вештини можат да им помогнат на вработените?

Наместо да се фокусираат исклучиво на прашањето дали нивното занимање ќе исчезне, вработените можат да проценат кои делови од нивната работа можат да се автоматизираат и што можат да научат за да останат конкурентни.

Меѓу вештините кои стануваат се’ позначајни се издвојуваат:

  • Работење со ВИ алатки – разбирање на нивните можности, ограничувања и начинот на примена во работата.
  • Анализа на податоци – способност информациите да се проверат, протолкуваат и да се претворат во корисни заклучоци.
  • Критичко размислување – препознавање на грешки, неточни одговори и недоверливи извори.
  • Комуникација и соработка – јасно објаснување на идеја, преговарање и работа со клиенти и колеги.
  • Креативност и решавање на проблеми – пронаоѓање на решенија за ситуации кои не можат да се сведат на повторување на истата постапка.
  • Стручно знаење – разбирање на конкретната област за вработениот да може да процени дали резултатот на вештачката интелигенција е навистина добар.

Заклучокот на најновите анализи не е дека ВИ преку ноќ ќе ги замени работниците во сите професии. Промените се посложени: поединечни задачи стануваат автоматизирани, некои работни места добиваат поинаква содржина, а работодавачите бараат вработени кои можат да ги спојат стручоста, технолошката писменост и човечката проценка.

Затоа, за работниците станува се’ поважно да не очекуваат дека описот на нивното работно место ќе се промени, туку на време да научат како новите алатки да ги користат во сопствената професија.

Извор: Bizportal.rs