МакедонијаПравда

Можно е да има бојкот на наставата во средните училишта

Можно е да има бојкот - Работник
46views

Поради неколкуте заразени во градинките ширум Македонија, здравствените власти можно е да го пролонгираат стартот на учебната година. Од Сојузот на средношколци велат дека ќе бојкотираат доколку не се исполни нивното клучно барање кое го доставиле до Владата – комбинирана настава.

Според нивните информации, Министерството за образование утре треба да објави како точно ќе се одвива наставата, но оваа информација се уште не е потврдена од МОН, пренесува Сител. 

Претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи за Сител рекол дека 15 средни училишта можат да почнат со настава со физичко присуство.„Ние имаме над 135 средни училишта. Само 3 отсто од вкупниот број на средните училишта можат да започнат со физичко присуство. За нас не е во ред само 3 отсто од учениците да почната со настава со физичко присуство“, рекол тој за Сител. 

Сепак, одлуката за тоа како ќе се одвива наставата од 1 октомври треба да ја донесе владината Комисија составена од претставници од образование и здравство. 

Досега вкупно 113 училишта доставиле барања за одржување настава со физичко присуство. 79 од нив се основни, 34 средни училишта. Рокот за поднесување на барањата беше до 10 септември, но до МОН се уште пристигнуваат одговорите од училиштата, пренесува Сител.