Светот на работникот

Правилото „9 пред 9“ може да го промени начинот на кој барате работа

Барањето работа е навистина исцрпувачки процес, особено ако неодамна сте добиле отказ. Во еден момент се жалите на состаноци во Teams и сонувате за давање отказ, а веќе следното утро лежите будни во 3 наутро прашувајќи се дали некогаш ќе најдете друга работа.

На пазарот на труд кој е поконкурентен од кога било, лесно е да се почувствува преоптоварен со аплицирање, вмрежување и со обидите да допрете до тој еден контакт кој би можел да ви ја отвори вратата до новата прилика. Затоа авторот на бестселери и консултант за развој на кариера Тим Касл изложил конкретни чекори кои можете да ги преземете за да ги маскимизирате своите шанси.

Според Касл, многу луѓе ја прават истата грешка: се убедуваат себеси дека пазарот е безнадежен, губат замав и неделата ја поминуваат испраќајќи генерички биографии кои не даваат резултати. Но неколку едноставни промени можат значајно да ги зголемат вашите шанси да ја добиете работата од соништата, а истовремено да ви помогнат да останете посреќни, поздрави и ментално постабилни. Ако барате нова работа, еве девет чекори кои би требало веднаш да започнете да ги применувате. И не грижете се, сите се сосема бесплатни.

Третирајте ја потрагата за работа како работа

Да бидеме искрени: Кога барате работа, лесно е да влезете во стапица на гледање телевизија цел ден. Доцно будење, поминување на деновите пред екран, насобирање на непрочитани мејлови и CV кое чека да биде ажурирано со недели е сценарио во кое се наоѓаат луѓето порано од што очекуваат.

Касл вели дека структурата е поважна отколку што луѓето сфаќаат. Наместо невработеноста да ја третирате како необичен период на застој или прилика за пауза, тој ви советува да и’ пристапите на потрагата по работа како на нормален работен ден.

Станете, облечете се, одработете го своето работно време и задолжително излезете од дома. „Направете план, а потоа станете и одете на работа како и секој друг ден“, вели тој. „Разликата е во тоа што сега, наместо да продавате туѓ производ или услуга, ја продавате најважната работа: себеси.“

Од психолошка перспектива, оваа промена е клучна. Луѓето кои своето отпуштање го гледат како привремена фаза, а не како личен неуспех, имаат тенденција да бидат попроактивни, подобро да се вмрежуваат, да стекнат самодоверба и многу полесно пронаоѓаат нова работа.

Работете од „9 пред 9“ секое утро

Еден од најинтересните, но и најизискувачки совети на Касл е тоа што тој го нарекува метод „9 пред 9“. Идејата е едноставна, контактирјате девет потенцијални клиенти пред 9 наутро.

Тоа можат да бидат мејлови, пораки на LinkedIn, директни пораки, регрутери, поранешни колеги или компании на кои им се восхитувате, дури и ако моментално не огласуваат отворени позиции. Зошто? Затоа што голем дел од луѓето потценуваат колку потрагата за работа е всушност до видливоста и одржувањето на замавот, а не бескрајно уредување на биографијата.

„Бидете први во нивниот инбокс, директна порака или телефон“, вели Касл. „Што и да е потребно од странец да станете некој со кого сакаат да разговараат.“ Иако девет контатки дневно може да звучи претерано, количината често е клуч на успехот на денешниот пазар на труд. Пасивното чекање на „совршен“ оглас генерално е помалку ефикасно од отворањето на повеќе разговори и можности одеднаш.

Заборавете на гордоста и започнете со вмрежување

Многу луѓе тврдат дека мразат вмрежување бидејќи веднаш ги поврзува со незгодни деловни настани, но Касл верува дека поголемиот дел од позициите и понатаму се пронаоѓаат преку врски и познанства, а не класични пријави.

Затоа советува да престанете да чекате повици и да почнете самите да создавате прилики за запознавање со луѓе. Кафе, конференции, деловни предавања, алумни групи, деловни ручеци и појадоци за вмрежувањето се поважни отколку што луѓето мислат.

Средете го својот LinkedIn профил

Да бидеме искрени, поголемиот дел од LinkedIn профилите изгледаат многу полошо отколку што нивните сопственици мислат. Полни се со нејасен корпоративен жаргон и фрази како „динамичен тимски играч“ или „професионалец ориентиран на резултати“, но всушност не зборуваат многу за нешто конкретно. Касл вели дека профилот треба веднаш да објасни кому му помагате, која вредност ја носите и кои резултати сте ги постигнале. Истото важи и за вашата биографија.

Работодавачите не ги интересираат генерички описи, туку специфичност: што сте подобриле, колку пари сте и’ заработиле или заштедиле на компанијата и што се променило балгодарение на вашата работа. На пазар на кој речиси секој сега може да звучи импресивно со помош на вештачката интелигенција, јасноста е често поважна од обидот да звучите паметно.

Барајте препораки, не само совети

Касл вели дека препораките имаат голема вредност. Кога ќе ве препорача кому компанијата веќе му верува, работодавачот веднаш го добива она што традиционалните препораки ретко го нудат – чувство на сигурност и доверба. Тој тоа го нарекува „позајмен кредибилитет“.

Во реалноста, луѓето се многу поподготвени да помогнат отколку што кандидатие мислат, особено ако веќе ја познаваат вашата работа и репутација. Проблемот е што многу никогаш не прашуваат или испраќаат нејасни пораки како: „Јавете ми ако чуете нешто“.

Наместо тоа, Касл советува директно да барате препораки или да се состанувате со луѓе од одредени компании или позиции. Разликата помеѓу анонимна пријава во куп пријави и кандидат со некој интерно зад себе може да биде огромна.

Научете нешто ново додека сте невработени

Малку има ситуации посрамотни од разговорот за работа каде немате што да кажете за претходните неколку месеци, освен дека сте се „пријавувале“. Касл верува дека времето помеѓу е идеално за развој на нови вештини, било да се работи за слушање на онлајн курсеви, учење на нов софтвер или усовршување на вештината за презентација и комуникација.

Ова не само што ја зајакнува вашата биографија, туку потполно ја менува енергијата на интервјуто. Наместо да делува пасивно и заглавено, делува амбициозно и проактивно. Психолошки, континуираното учење на луѓето им дава чувство на контрола во текот на времето кое може да биде дестабилизирачко.

Користете ја вештачката интелигенција како асистент

Додека многумина и понатаму се плашат дека вештачката интеигенција ќе им ги преземе работните места, Касл верува дека паметните кандидати би требало да ја користат за подобрување на своите пријави и подготвки за интервју. Тој препорачува користење на алатките со вештачка интелигенција за идентификување на сопствените слабости, истражување на компаниите и стратешко размислување за тоа што на работодавачите навистина им е потребно.

Со кои проблеми се соочуваат? каде губат пари? кои проблеми можете да ги решите? И како тоа можете да го претставите на интересен и конкретен начин во текот на интервјуто. Најдобрите кандидати не се оние кои ги повторуваат информациите од своите биографии, туку оние кои можат јасно да објаснат како можат да придонесат на компанијата. Ако вештачката интелигенција може да помогне во подготовката на подобри одговори и подобри презентации, Касл смета дека би требало да се користи.

Водете евиденција на своите пријави

Една од најголемите грешки во потрагата по работа, вели Касл, е лошата организација.

После неколку недели, пријавите започнуваат да се мешаат, пораките за испраќање се забораваат и луѓето повеќе не знаат со кого разговарале или за кои позиции се пријавиле. „Водете едноставен запис за тоа кого сте контактирале, со кого сте разгововарале и што моментално е активно“, советува тој.

Доволна е едноставна Ексел табела или бесплатни шаблони како платформите како Notion. Системот не мора да биде комплициран, но прегледот на вашите пријави и контакти го прават процесот помаку стресен. Покрај тоа, престанувате емоционално да зависите од една прилика и гледате дека паралелно се отвораат и други можности.

Не потценувајте ја важноста на личноста

И покрај опсесиите со биографијата и искуството, Касл верува дека и понатаму за разговорите за работа клучна е личноста. „Енергијата и емпатијата се истакнуваат најмногу бидејќи денес се ретки“, вели тој. Во пракса, тоа значи да се биде некој со кој луѓето можат да замислат дека работат секој ден. Некој кој слуша, е позитивен и внесува добра енергија во просторијата.

Касл вели дека луѓето многу подобро го паметат чувството кое го оставате зад себе отколку совршено извежбаните одговори. Затоа малите работи се и понатаму важни: насмевка, воспоставување на контакт со очи, љубезност, држење на врата и искрено благодарам по разговорот.

„Бидете личност со која луѓето би сакале да работат – не само на хартија, туку и преку енергијата која ја зрачите“, заклучува тој.

Извор: BIZLife.rs

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk