- Advertisement -
НовостиПравда

МОН: АД “Макпетрол” донираше таблети за 1.000 ученици, огромна благодарност за хуманиот гест

115views

Во најдобар интерес е да се обезбеди континуитет во наставата за секое дете во државата во услови на пандемија. За таа цел Министерството за образование и наука организираше донација на 1.000 таблети кои што ги обезбеди АД “Макпетрол”, а се наменети за ученици на коишто уредите им се потребни за следење на онлајн наставата. Таблетите се донирани директно во општините кои ќе ги распределат по училиштата. Огромна благодарност за овој хуман гест на компанијата и за општествената одговорност.

Министерството за образование и наука, заедно со локалните самоуправи и со компаниите и други партнери продолжува посветено да работи на обезбедување и подобрување на условите за настава со цел на секое дете да му обезбеди непречен пристап до образование.

Advertisement

Advertisement