- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникот

МТСП: Само еден објект кој е дел од градинка не е отворен, се чека да се направи текст на вработено лице

МТСП: Само еден објект - Работник
104views

Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека денеска, 9.9.2020 година (среда), од 70 функционални градинки кои имаат 311 објекти на ниво на држава, само еден објект кој е дел од градинката „Рахилка Гонева“ од Свети Николе не е отворен денес за прием и згрижување на деца.

Според информациите од оваа градинка, се чека да се направи тестирање за Ковид-19 на едно вработено лице. По што, ќе се донесе одлука за отворање на овој објект.

Advertisement

Во сите останати детски градинки згрижувањето на децата се одвива непречено согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по укинувањето на вонредната состојба, донесен од Владата на 29.05.2020 година.

 

Advertisement
Advertisement

Advertisement