НовостиПравдаСветот на работникот

Над 2.000 лекари заминале од Македонија во последниве три години

   Време за читање помалку од минута

Македонија се соочува со дефицит на здравствени работници.

Голем е одливот на медицински сестри, односно пет до шест илјади ја напуштиле земјава последниве три до пет години. Согласно податоците од Комората на лекари, како што беше нагласено на протестот пред Клиничкиот центар кој се одржа вчера, 2 200 лекари во последните три години ја напуштиле државата.

Здравствените работници деновиве го кренаа својот глас за повисоки плати, затоа што, како што велат, за три години, платите биле покачени само пет проценти.