- Advertisement -
ПравдаСветот на работникот

Над 461 работник останале без работа во последните шест месеци

188views

Вкупно 214 пријави се регистрирани последниве шест месеци, кои опфатиле над  3.432 работнички и работници. Над 461 работник останаа без работа, а на приближно 696 работници им била намалена платата или, пак, воопшто не им била исплатена, објави Хелсиншкиот комитет, кој по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, наведе неколку барања до Владата кои се однесуваат на заштита на работниците.

– Во овие исклучително непредвидливи и тешки времиња, останувањето без плата за најголем дел од работниците значи ризик за нивната гола егзистенција и затоа се потребни солидарноста и заедништвото, наведува Хелсиншки комитет.

Едно од барањата на Хелсиншкиот комитет до Владата е создавање мораториум на сите откажувања на договорите за вработување од страна на работодавачите, и на сите намалувања на платите во периодот додека трае вонредната состојба. Сметаат и дека право на паричен надоместок за невработени лица треба да остварат и лица на кои работниот однос им престанал поради сопствена изјава, спогодбено или поради наводно нарушување на дисциплината.

Причина за ова, како што наведуваат, е што многу работници изминатиов период биле измамени од страна на работодавачите и работниот однос им беше прекинат на овој начин.

Во соопштението, Хелсиншкиот комитет ги наведува и останатите барања од првомајскиот проглас на група синдикати и здруженија на граѓани за заштита на работничките права.

Извор: Лидер

Advertisement