- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Намалување на старосната граница за пензионирање – потреба или „правна шминка“

Јовевски - Работник
1.19Kviews
Намалување на старосната граница за пензионирање – потреба или „правна шминка“
Во изминатиот период во јавноста доста често се говореше за измените на Законот за работни односи во однос на пензионирањето, каде на седница на Собрание беше прифатен предлогот за изменување и дополнување на Законот за работни односи. Со новите измени се предвидува членот 104 од ЗРО да гласи: „Договорот за вработување работодавачот го прекинува кога работникот ќе наполни 64 години возраст и 15 години пензиски стаж, доколку со друг закон поинаку не е уредено.“
Во однос на претходното законско решение можеме да видимe дека и нема настанато некоја голема промена, освен што е ограничена можноста за продолжување на работниот однос до навршувањето на 67 години, секако со додавање на вториот дел од ставот кој гласи дека пензионирањето може да биде уредено со некој друг закон, се остава можност за исклучоци од оваа законска одредба.
Досегашното законско решение во поглед на можноста за продолжување на работниот однос даваше одреден степен на флексибилност која одеше во прилог на голем број на вработени и опфаќаше поголем број на професии. Ова беше добро решение и одговараше на моменталните состојби на пазарот на труд во Македонија…. Сега се поставува прашањето дали можеби новите измени со мал број на исклучоци претставуваат основа за идни дискриминации каде одредени професии (професорите и докторите) се издвојуваат во однос на сите останати професии? Новото решение кое повеќе не ја предвидува можноста за пензионирање до навршени 67 години, не предизвикува никакви импликации на пазарот на трудот, односно од оваа промена нема да произлезат никакви подобри економско- правни, финансиски и социолошки промени. Невработеноста нема да се намали, но ПИОМ ќе се оптовари, а од сруга страна ќе се отоври можност за нови вработување пред се во јавната администрација….. Дали тоа е можеби позадината на новото решение за пензионирање на вработените??
Во овој контекст останува да важи и еден друг закон, кој ја регулира оваа област, Законот за пензиско и инавалидско осигурување кој во членот 18 предвидува дека старосната пезија на осигурениците се стекнува со навршени 64 години живот за маж и 62 години за жена, како и најмалку 15 години работен стаж. Оттука, се менува само горната флексибилна старосна рамка, додека жените и понатраму ќе може да се пензионираат со навршени 62 години старост!
Дополнително, Законот за изменување и дополнување на работните односи определува дека за поднесените изјави за продолжување на договорот за вработување до 31 август 2021 година ќе се применуваат одредбите од Законот за работните односи заклучно измената од 2020 година. Додека пак договорите за работа кои веќе се продолжени, ќе имаат важност до истекот на времето за кое се продолжени, а најдоцна до 30 јуни 2022 година.
Проф. д-р Лазар Јовевски