- Advertisement -
КолумниНовости

Наместо Македонија да остане на младите, како што е редот, по се изгледа ќе остане на старите!

Бобан Илијевски - Работник
341views

Оптимизмот е нешто кон што постојано се стремам, иако повеќето од моите блиски луѓе се песимисти. Кога велам оптимист, не мислам за тоа дека ќе станеме совршена земја, ниедна во светот не е, туку мислам дека ќе биде подобро за живеење, дека ќе имаме поголем стандард и посилна куповна моќ. Сепак, согледувајќи ги актуелните ситуации, моите желби, има многу мали шански да станат реалност во блиско време.

Со постојани политички препукувања помеѓу двете најголеми политички партии, вработување со партиски книшки и преку методот „чичко ми ме вработи“, нема да го достигнеме нивото на земјите од Западна Европа. И да влеземе во Европска унија, ние ќе бидеме најслабата алка во Унијата и постојано ќе бидеме изложувани на скрининг од европските партнери, бидејќи корупцијата тука се има толку длавоко вкоренето, што и да се копа со години, нема да може да се најде крајот на тој корен.

Advertisement

Јас честопати ја кажувам онаа теза дека треба европските вредности да ги донесеме тука, што е можно поскоро, а не да чекаме да влеземе во ЕУ, па дури потоа да ги акумулираме овие вредности. Многумина се согласуваат со оваа теза, но залудно, кога нема власт којашто би се стремела кон нив.

Јас сум уверен дека се додека најголемиот успех во Македонија е да се има партиска книшка од партијата на власт и се додека на високи, но и пониски позиции во администрација се вработуваат, наместо сметководители, биолози, тогаш не можеме да очекуваме дека идат подобри времиња.

Advertisement

Работниците од приватниот сектор, односно поголемиот дел од нив коишто работат во микро и мали компании, се оставени на работ на егзистенцијата, бидејќи на многумина од нив не им се исплаќа ниту со закон пропишната, минимална плата која согласно зголемување во јуни 2020 година изнесува 14,932 денари. Има и случаи каде што на сметките на работниците, газдите пуштаат по еден или два денари. Мене се уште не ми е јасно како може да помине оваа апсурдна исплата низ системот на Управата за јавни приходи. Да не бидам погрешно сфатен, УЈП досега во многу наврати изврши присилна наплата на работодавачите кои зедоа државна помош, но не ја исплатија на работниците, но што е со овие кои земаат еден или два денари плата?! Голем и горлив проблем е тоа што младите најчесто работат на договори на определено работно време и многу лесно се подложни на откази. Впрочем, голем број на истражувања покажаа дека младите се едни од најпогодените од економските последици предизвикани од корона пандемијата. И после зошто тие заминувале од Македонија и со тоа имаме „brain drain“ или “одлив на мозоци“, односно квалификувани млади работници коишто поседуваат вештините коишто овдешните компании би можеле да ги искористат.

Кога сето ова би се зело во предвид, би дошле до еден заклучок којшто е многу очигледен, а тоа е дека желбата за отселување на луѓето од Македонија станува се поголема. Не мислам само на младите, туку и на луѓето коишто се во средни години. Тие заедно со своите семејства ќе заминуваат надвор. А има и родители коишто своите деца сакаат да ги испратат да учат во странство за да останат таму. За младите не е проблем. Оние коишто поседуваат квалификации, по завршувањето на корона кризата и по повторното стартување на Правилото за доселување на работници во Германија, во прва прилика ќе одат таму.

Почитувани политички партии, доколку се продолжи со ова темпо, единствно во државата ќе останат пензионерите и оние коишто се вработени во државните органи. Се разбира ќе останат и вработените во ИТ секторот, бидејќи тие имаат големи плати. Поентата ми е дека доколку не се преземаат реални трудови политики, населението ќе се намали во голем број. Сега светот ни се смее, но тогаш ќе станеме The world greatest show (најголемото шоу во светот). Знам дека досега многу пати имам пишувано на оваа тема, но некој мора да повторува. Како не учеа нашите родители: „Повторувањето е мајка на знаењето“.

 

Advertisement