Нападната филијала на Сбербанк во Сибир, тројца вработени се држат како заложници
Непознато лице денеска упаднало во филијала на Сбербанк во сибирскиот град Тјумен и држи три лица како заложници. Според властите, полицијата преговара со напаѓачот, а околу 50 луѓе се евакуирани од станбената зграда на приземјето на Сбербанк.
„Според прелиминарните податоци, тројца вработени во банката се земени како заложници”, изјави портпаролот на службата за итни случаи.

