Народот кои ги потценува своите учители е осуден на пропаст!
Различни луѓе паметат различни личности, работи и искуства од своите најрани денови, но речиси сите паметат една иста личност – својот прв учител или учителка.
Сето тоа ни вели колку искуството од средбата со таа личност која прва ни помогнала да го откриеме светот го обележува речиси целиот наш живот. Многу искуства доаѓаат и заминуваат, многу луѓе во нашиот живот доаѓаат и заминуваат, но секогаш во нашето најдлабоко сеќавање стои личноста со која сме започнале да растеме.
Првиот учител или учителка некогаш ни бил втор родител, пријател, терапевт, доктор, кловн или било што друго, што ни било потребно во најраните денови во училиштетото, за да го засакаме тој нов дом. Многу пати не сме можеле да го дочекаме моментот кога ќе тргнеме на училиште бидејќи авантруата на запознавање со светот и дружењето со милите личности било токму тоа што до дно ја исполнувало нашата мала душа која ги впивала сите тие букви, бројки и се друго што сме научиле.
Имало многу тешки и болни моменти, но сите ни биле потребни за да научиме да растеме и созреваме за да можеме еден ден да станаме тоа што сакаме. Таму сме ја поминувале првата љубов и сме ги доживувале првите порази во односите, таму сме учеле за тоа што е пријателство, но и за она што не е пријателство. Таму учевме дека оценките не се најважната работа во животот и дека многу поважно е какви сме како луѓе, а не со каков просек ќе ја завршиме поединечната година.
Преку тие предизвици не воделе луѓе кои со нас растеле и созревале, ги поминувале своите сопствени битки, луѓе кои живееле еднакви животи како нашите родители, само што на нив не им сме дозволувале грешки и слабости кои сме ги гледале кај родителите. Тоа биле учителите, луѓе кои покрај тоа што не учеле различни предмети, не учеле и како да ги сонуваме своите сонови и како да живееме за нив. Што и да поминеме, на нив секогаш ќе се сеќаваме. Народот кој ги потценува своите учители е осуден на пропаст. Да не дозволиме тоа никогаш да не ни се случи.
Автор: Марио Жувела
Извор: Prijatelj.org