МакедонијаНовостиСветот на работникотСиндикат

Наставниците ќе можат да предаваат од дома за да се спречи ширењето на вирусот и да се заштеди на греењето

109views

Наставниците во договор со директорите на училиштата да одлучуваат дали онлајн часовите ќе ги предаваат од училница или од дома, пресече Министерството за образование. Целта е да се заштеди на греење на училишните објекти кога е неопходно, но и да се спречи ширењето на коронавирусот. Но, од наставниците се бара изјава со која потврдуваат дека ги поседуваат сите услови за да предаваат од дома.

-Министерката Царовска на состанок со директорите на училиштата информираше за можноста работата на наставниците да биде организирана од дома со претходна согласност од самите директори. Во оваа насока, направени се и измени на Планот за организација на учебната 2020/2021 година кој е објавен на сајтот на МОН и споделен со училиштата. Оваа информација во меѓувреме е неколку пати и јавно споделена, појаснуваат од МОН.

Според информациите на СОНК, околу 1.000 наставниците се или заразени или во изолација. Голем дел од нив предаваат од дома. Меѓутоа, има случаи каде директори не ги пријавуваат заразените и тие во изолација, но и наставници кои самите кријат, а предаваат од дома.

-Самите не се пријавуваат од разно-разни причини или од сопствено убедување дека не треба да се пријават. Ние апелираме поради безбедносни причини, не поради бројка, да се пријават и да се регистрираат и конечно оваа болест да ја ставиме под контрола. Денеска не е срамота да си заразен, срамота е да лажеш и да се криеш, вели претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Повеќе на Сител.мк