ЗанимливостиСветот на работникот

Научниците истражувале: Кои луѓе и професии се сметаат за најдосадни?

Досадната работа во финансиите често може да донесе добра плата, но истовремено се чини дека на другите им изгледате неинтересно, па дури и некомпетентно, покажува новото истражување.

Истражувачите од Универзитетот Есекс во Колчестер, Англија, прашале повеќе од 500 луѓе во пет различни експерименти за кариерите и хобијата кои ги сметале за најдосадни, како и кои карактеристики им ги препишуваат на луѓето кои ги работеле овие професии. Студијата е објавена во билтенот „Personality and Social Psichology Bulletin“ претходно овој месец.

Многу позиции во секторот финансии се означени како најдосадни на светот и зазеле четири од првите пет места на листата. Луѓето кои ги работеле овие професии исто така не се сметани за компетентни, се наведува во извештајот, што го изненадил најмалку еден од авторите на студијата.

Novac
Кои луѓе се најдосадни?

Коавторот на студијата и предавач на универзитетскиот отсег за психологија Вијнанд Ван Тилбург рекол дека стереотипно „досадните луѓе“ генерално не им се допаѓаат на другите и дека луѓето околу нив често ги избегнуваат – во главно поради предрасудите.

„Вашата перцепција за луѓето сигурно може да се смени со текот на времето, но луѓето кои се нарекуваат ‘досадни’ често немаат прилика да докажат дека стереотипите се погрешни“, рекол Тилбург.

Додал дека избегнувањето може да доведе до негативни последици.

„Самиот факт луѓето да одлучат да ги избегнуваат може да доведе до социјално „исфрлање“ и зголемување на осаменоста, што доведува до големо негативно влијание врз нивните животи“, рекол тој.

Тилбург рекол дека ја иницирал оваа студија со цел да ги истражи стигмите околу досадата и како тие можат да влијаат на начинот на кој луѓето се перцепираат едни со други:

„Иронијата е во тоа што проучувањето на досадата е навистина интересно и има големо влијание во реалниот живот“, додал тој.

Најдосадни професии

  1. Аналитичар на податоци
  2. Сметководител
  3. Работник во осигурување
  4. Хигиеничар
  5. Банкар

Највозбудливи професии:

  1. Уметник
  2. Научник
  3. Новинар
  4. Здравствен работник
  5. Учител

Најдосадни хобија:

  1. Спиење
  2. Религија
  3. Гледање телевизија
  4. Набљудување животни
  5. Математика

Некои од „досадните“ професии обично се плаќаат повеќе од некои од „највозбудливите. Според компанијата ја компензација и податоци Paiscale, просечната плата на аналитичар на податоци во Америка е околу 62,754 долари годишно. Тоа е отприлика 10,000 долари годишно повеќе од просечната плата на некој што се занимава со уметност – отприлика 52,522 долари, покажале податоците за американскиот пазар на труд.

И додека „спиењето“ е рангирано како најдосадно хоби кое некој би можел да го има, редовното спиење со висок квалитет е од суштинско значење за продуктивноста, здравјето и менталната острина, вели истражувањето.

Извор: BIZLife

Фото: Pixabay