Научници: Илузија е дека ВИ ќе ја избрише осаменоста. Веројатно ќе се влоши
Замислете секој да има најдобар пријател кој секогаш е достапен, никогаш не осудува, во потполност се согласува со се’ и не бара ништо за возврат. Дали таквиот однос би го решил проблемот со осаменоста со кој многумина се соочуваат? Експертите велат – не. Тие предупредуваат дека таквиот „пријател“ би можел да ги влоши работите. Тој потенцијален најдобар пријател веќе постои во облик на вештачка интелигенција, технологија за која извршниот директор на Мета, Марк Закерберг минатата година изјавил дека би можела да помогне во решавањето на чувството на осаменост и изолација, пишува CNN.
Проблемот е реален и итен. Светската здравствена организација во 2023 година ја прогласила осаменоста за глобален здравствен приоритет, а американскиот министер за здравство истата година ја нарекол национална епидемија. Истражувањата покажуваат дека лицата кои доживуваат социјална изолација имаат 32 % поголем ризик од предвремена смрт. Во новата документарна серија на CNN „Kara Swisher сака да живее вечно“, новинарката Кара Свишер го истражува влијанието на осаменоста на долговечноста и преиспитува дали вештачката интелигенција може да помогне во борбата против социјалната изолација или всушност одмогнува.
Свишер пробала и ВИ друштво и градење на вистински односи. Вештачката интелигенција имала своја привлечност, но не можела да се мери со искуството кое го доживеала од интеракцијата со луѓето. „Социјалните мрежи се влезна дрога за ВИ друштвото“, смета д-р Шери Туркл, професорка на Massachusetts Institute of Technology (MIT). „Прво разговаравме едни со други преку машини. Сега разговараме директно со машините. Се навикнавме да бареме приврзаност на екранот.“
Илузија на пријателство
Разбирливо е луѓето кои се чувствуваат осамено, изолирано или неповразно да се насочат кон машина која е програмирана да комуницира како човек. Проблемот, како што објаснува д-р Роуз Гуингрич, истражувачка на интеракцијата меѓу човекот и вештачката интелигенција од универзитетот Принстон, што најранливи се всушност оние кои веќе се најосамени. Луѓето со исполнет социјален живот на ВИ чатботовите гледаат како на алатки, додека оние кои се жедни по поквалитетни емоционални врски почесто развиваат приврзаност кон таа технологија.
За оние кои бараат подлабоки односи, стравот од осуда или негативна реакција можат да бидат голема препрека во социјалните интеракции. Тој ризик исчезнува во разговорот со четботот. Некои корисници се свесни дека разговараат со машина, но симулацијата на поврзаност им е доволна. Други пак се уверуваат дека алгоритамот поседува емоционално искуство со кое можат да се поврзат. „Луѓето наведуваат дека развиваат односи кои наликуваат на вистинско човечко пријателство, менторство и романтични врски, па чувствуваат дека нивниот ВИ четбот им ја возвраќа љубовта“, вели Гуингрич. Но, вистината е дека луѓето можеби чувствуваат дека ја сакаат вештачката интелигенција, но таа не им ја возвраќа љубовта.
Одвикнување од вистински односи
На разговорите со вештачката интелигенција им недостигаат клучни компоненти, поради што тие наизглед реални интеракции можат да бидат бескорисни, па дури и штетни. Д-р Мелиса Пери, деканка на факултетот за јавно здравство при Универзитетот George Mason, истакнува дека луѓето мораат да се поврзуваат лице во лице. Сме еволуирале да се чувствуваме добро кога ќе чуеме нечиј глас, ќе го видиме изразот на лицето и ќе го прочитаме говорот на телото. Иако се чини дека ВИ чатботовите се грижат и пружаат поддршка, недостатокот од сетилни информации го спречува вистинското поврзување.
„Интимноста бара ранливост – нема интимност без ранливост“, нагласува Туркл, основачка на Иницијативата за технологија на MIT. „Она што вештачката интелигенција го нуди е поврзаност без ранливост. Добивате нехранлива комбинација која може да пружи чувство на брзо решение, но не е одржлива.“
Ранливоста, предизвците и конфликтите се клучни за човечкиот раст и личен развој. Меѓутоа, многу ВИ платформи се програмирани да угодуваат, дури и кога тоа не е корисно. Тука се кријат две опасности. Првата е дека ВИ може да поиттикнува мисли и однесувања кои се штетни за поединецот или општеството. „Таа нема удел во нашиот свет, нашето општество“, вели Туркл. Другата опасност е дека интеракциите без ризик од одбивање ги навикнуваат луѓето на односи без никакво триење, што не ги спрема за вистинскиот свет. „Морате да научите како да имате потреби во контекст на туѓите потреби, како да се носите со оние кои не се потполно исти како вие“, објаснува Гуингрич.
Таквите предизвици се клучни за човечкото искуство. Влоговите се високи, додава Туркл, како поради штетноста од долготрајната осаменост за јавното здравје, така и поради извештаите за ВИ чатботови кои поттикнуваат самоубиствени мисли. „Се одрекуваме од она што е највредно во човечноста поради тој привиден однос без триење. Тоа не убива“, заклучува таа.
Враќање на основите и како да се побара помош
Постои можност вештачката интелигенција еден ден да стане корисна алатка за осамените луѓе. Гуингрич смета дека ВИ платформите би можеле да им помогнат на луѓето да ги вежбаат социјалните вештини и да ги насочи кон развивање на вистински пријателства. Пери додаава дека ВИ би можел да послужи како почетен извор на информации за достапни ресурси за поддршка. Сепак, крајната цел секогаш би требало да биде негувањето и збогатувањето на вистински, човечки односи. Тоа може да значи истражување на нови активности, впуштање во угодни, кратки интеракции со луѓето во заедницата или воспоставување на рутински дружења поради зајакнување на постоечките врски.
Извор: Index.hr

