НовостиСветСветот на работникот

Дали сте слушнале за овие занимања? Ова се најбрзо растечките занимања

   Време за читање 2 минути

Некои од најбрзо растечките работни места за 2025 одвај постоеле на преминот на векот, покажува новата анализа на LinkedIn.

LinkedIn испитал милиони работни места на основа на ажурирање на корисниците од јануари 2022 до јули 2024 година, утврдувајќи забележителен раст во индустријата на вештачката интелигенција, како и новооткриеното интересирање за угостителството и патувањата, пренесува Инвеститор.

Првите две занимања биле инженер за вештачка интелигенција и консултант за вештачка интелигенција. Вештачката интелигенција станала најнова популарна фраза во Силиконската долина бидејќи компаниите како OpenAI објавиле чат ботови кои можат да прават сѐ, од одржување разговор до предлагање на рецепти до ремикс на слики – иако со повремени погрешни чекори од висок профил. Така, занимањето истражувач на вештачката интелигенција го зазело 12-тото место.

Не е сѐ во IT

Но не сите работни места биле фокусирани на ВИ – или дури на високотехнолошка дејност. На пример, на трето место било занимањето физиотерапевт. Менаџер за развој на работна сила и советник за патувања ги заокружиле првите пет.

Професионалната социјална мрежа својата годишна листа „Занимања во подвиг“ ја претставува како „мапа на патишта“ за иднината на работата.

„Од порастот на улогата на ВИ до повторното појавување на позиции во патувањата и угостителството, рангирањето за 2025 истакнува сектори со одржлив раст во денешната променлива работна сила“, напишала компанијата во својата објава.

Во меѓувреме, големите компании – вклучувајќи го тука и гигантот за брза храна Мекдоналдс – ја напуштиле или намалиле праксата на ДЕИ (разновидни и инклузивни работни места) и се чини дека разновидноста и улогата на инклузијата не растат толку брзо како претходните години, покажува извештајот на LinkedIn за ажурираните корисници.

Од 2018 до 2022 година, менаџерите за разновидност и инклузија биле трето најбрзо растечко занимање, а од 2019 до 2023, потпретседател за разновидност и инклузија бил на седмо место. Во најновиот извештај, овие позиции воопшто не биле меѓу 25-те најдобри.

 LinkedIn ја забележал и родовата структура во 25-те најбрзо растечки занимања. Од првите 10, чувари (67%), надворешни продажни претставници (81%), консултанти за вештачка интелигенција (70 %) и инженери (80%) биле претежно машки занимања.

Извор: b92.net

Фото: shutterstock, PeopleImages.com – Yuri A