- Advertisement -
НаукаПравдаСветот на работникот

Најзагрозени се вработените во домовите, најсигурни продавниците

Најзагрозени се вработените - Работник
119views

Европскиот центар за превенција и контрола на болести анализирал појавување на кластери, односно група на заразени во разни работни опкружувања и утврдил дека најголем ризик од заразување со коронавирусот имаат вработените во домовите за стари и немоќни луѓе, а потоа и здравствените работници во болниците, пишува загрепскиот Вечерни лист. 

Но, иако здравствените работници се заболуваат помалку од нив, нивната смртност е поголема. Од друга страна, продавниците се покажале како прилично безбедни работни опкружувања.
Европскиот центар за первенција и контрола на болести анализирал појавување на тн. кластер, во овој случај група од најмалку двајца заразени, во разни работни опкружувања за да ги натера државите да посветат посебно внимание на одредена група на работници и условите за работа кои овозможуваат ширење на заразата, пренесува Хина. 

Advertisement

Анализата го опфатила периодот од март до јули и иако се побарани податоци од 30 држави на ЕУ, Еврозоната и Обединетото Кралство, своите бројки, често непотполнети или без диференција, ги доставиле само 17 држави, меѓу кои е и Хрватска. 

Вкупно се пријавени 1,377 кластери во работно опкружување, најмногу во здравството и социјалните служби. Но, не се работи за компактна целина: најмногу на удар се вработените во домовите за стари лица (591 кластер) и тие во болниците, додека најсигурни се работниците во примарната здравствена заштита со минимална појава на болеста.

Advertisement
Advertisement

На второ место од работните опкружувања се погоните за преработка и пакување на храна, како што се кланиците, земјоделските работи, како берење на овошје и фабриките. 

Ширењето на заразата, како што се наведува, настанува поради малата оддалеченост помеѓу работниците или пак заедничкото сместување на сезонците. Во канцелариските простории забележани се 65 кластери. На долниот дел од скалата се продавниците и образовните установи со 22 кластери, додека баровите и рестораните забележале само пет појави на групирање на заразените. 

Меѓутоа, се додава дека во текот на пролетните месеци работата на образовниот и угостителскиот сектор била ограничена. 

Дури 95 % од заболените се од затворен простор, што само по себе претставува проблем бидејќи повеќе од 80 % од работите се извршуваат во затворено.

Голема појава на болеста е забележана во слабо платените професии и особено е опасно за ширење на заразата затоа што многу поради страв од губење на работата продолжуваат да одат на работа со симптоми, пишува Вечерни лист. 

Advertisement